СДСМ: Никој не смее да помисли да ја блокира новата влада

by fokus

Никој не смее да помисли да ја блокира работата на новоизбраниот претседател на Собранието и формирањето нова Влада,  што е тешко противуставно кривично дело, казниво по закон, велат денеска од СДСМ.

-Укажуваме дека институциите ,вработените во нив, сите граѓани сме дожни да овозможиме да се реализира мнозинска волја. Токму поради тоа што немаше институционална заштита, пратени убијци и тешки криминалци, за малку ќе линчуваа претставници избрани од граѓаните, новинари, вработени во Собранието. Со тоа е направено кривично дело Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста, по член 313 од Кривичниoт законик и ЈО и МВР мора да ја обезбедат правдата, а нарачателите и извршителите да понесат одговорност, велат од СДСМ.

Од партијата додаваат дека тоа што петти месец поради блокадите од ВМРО-ДПМНЕ не може да се формира новата Влада, се одразува штетно врз стабилноста на државара но и на интересите на граѓаните., а да имаше денес нова Влада, овој 1 мај сите работнци веќе ќе имаа 12.000. денари минимална плата.

Поврзани новости