СДСМ: Ние на терен со граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ во темните подруми на лажните вести

by Fokus

Разликата помеѓу одговорниот, државнички однос на СДСМ и деструктивноста на ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски секојдневно се потврдува. Додека СДСМ секојдневно е на терен меѓу граѓаните, на маалски и урбани средби, на граѓански трибини, ВМРО-ДПМНЕ е сама и изолирана, во темните подруми на лажните вести и деструкциите, велат од СДСМ во утринското соопштение.

-СДСМ заедно со граѓаните ја гради новата програма, ја создава најдобрата кадровска и програмска понуда за секоја општина. Го слушаме гласот на граѓаните, ги следиме нивните потреби и барања и истите ги претвораме во конкретни решенија од програмата за следните избори.

Во исто време, ВМРО-ДПМНЕ е осамена во режимската матрица и сѐ што прави е обиди за блокади, пласирање лажни вести и деструкција на секое можно поле.

СДСМ во континуитет покажува дека за нас зборот е збор, ВМРО-ДПМНЕ во континуитет покажува дека се единствени на браникот на криминалот, велат од партијата.

Поврзани новости