СДСМ: Немаме допирни точки со ставовите на Љубчо Георгиевски, нема преговори за македонскиот идентитет

by fokus 13:53
13:53

Нашите ставови се различни од изнесените ставови на господиниот Георгиевски. СДСМ останува на своите јасни и веќе кажани ставови околу ова прашање, изјави Марија Георгиевска, пратеничка на СДСМ откако владиниот коалиционен партнер, Љубчо Георгиевски излезе со неколку тези, точки како да се надмине македонско-бугарскиот спор.

– Остануваме отворени за дијалог за изнаоѓање на решение меѓутоа повторувам уште еднаш македонскиот јазик и македонскиот идентитет не се тема на разговор. Ниту се разговарало, ниту во иднина ќе се разговра на оваа тема. Ставовите на господинот Георгиевски се негови лични ставови со којшто ние апсолутно немаме никакви допирни точки, рече Георгиевска.

- Advertisements -

Поврзани новости