Новата реформска Влада предводена од СДСМ, најави дека одлуките ќе ги носи преку инклузивен процес и сите стратешки прашања ќе се решаваат во консензус со опозицијата, широката јавност и граѓанското општество.
„ВМРО-ДПМНЕ ги погази државните и националните интереси и ги изневери граѓаните кога тајно преговараше и договараше промена на името. Партијата работеше против националните и државните интереси и со блокадите што ги направи на демократските реформи и евро-атлантските интеграциски процеси“, се вели во соопштението на СДСМ.
Оттаму велат дека стратешка определба на Република Македонија, од нејзиното осамостојување до денес, е полноправно членство во ЕУ и НАТО. Од партијата додаваат дека ВМРО-ДПМНЕ треба да престане да измислува нови лаги и манипулации на оваа тема и наместо тоа, енергијата да ја насочи кон конструктивно делување и вклучување во реформските процеси што следат.