СДСМ: Нема толеранција за прекршителите на мерките за заштита од ковид

by Фокус

Системот на контрола на почитувањето на мерките за заштита од коронавирусот е зајакната со усвојувањето на измените на Законот за заштита на населението од заразни болести, од страна на парламентарното мнозинство предводено од СДСМ, порачаа од СДСМ. Со законските измени, истакнуваат од таму, сите инспекторати добија поголеми овластувања за постапување со прекршителите на здравствените ковид протоколи.

„Веднаш по стапувањето на сила на овие измени се зајакна контролата на објектите. Уште првиот ден, од страна на Државниот пазарен инспекторат во повеќе градови во државата беа извршени вкупно 48 надзори и 742 контроли во угостителски објекти, казина и обложувалници, при што еден објект во Гостивар бил веднаш затворен заради прекршување на Законот за заштита на населението од заразни болести. Нема толеранција за оние кои свесно и намерно ги прекршуваат мерките за заштита“, велат од владејачката партија.

Од таму додаваат дека инспекторите кои на терен ќе констатираат дека одредено правно лице ги прекршува здравствените протоколи, во истиот момент му изрекуваат привремена забрана за вршење на дејноста од 10 до 30 дена, односно објектот, веднаш, на лице место ќе биде затворен и ќе му биде изречена глоба.

Поврзани новости