СДСМ: Нема пари за жичара на Пелистер, оти Груевски сака нова од Водно до Капиштец

by Фокус

За власта на Груевски приоритет е трошењето на 18 милиони евра за Панорамското тркало во Скопје. Нема пари за жичара на Пелистер, бидејќи Груевски сака нова жичара од Водно до Капиштец во Скопје, изјави денеска првиот социјалдемократ од Битола, Васко Ковачевски.

– Ќе чека и најавениот нов стадион во Битола. Стадионот Филип Втори во Скопје треба да добие нова милионска фасада! Нема пари ни за обновување на изгорениот до темел Планинарски дом Копанки, иконата на Битола. Болницата во Битола, и понатаму ќе тоне во долгови. Ќе биде потопена и од првиот поголем дожд. Ќе ги нема и потребни лекови и реагенси за пациентите – смета Ковачевски.

Повод за пресконференцијата е неодамнешнит ребаланс на буџетот.

– Усвоениот ребаланс  уште еднаш го покажа игнорантскиот однос кон Битола од страна на централната власт. Битола е на самиот врв по полнење на државната каса, а не доби ниту една капитална инвестиција, ниту ќе реши голем инфраструктурен проблем – сметаат од СДМС.

Поврзани новости