СДСМ: Не смее да има амнестија за оние кои се обидоа да убиваат пратеници, ВМРО-ДПМНЕ докажа дека стои зад крвавиот четврток

by fokus

Со барањето амнестија за лицата кои на 27 април извршија или беа помагачи на терористичкото загрозување на уставниот поредок и безбедност, ВМРО-ДПМНЕ докажа дека токму тие ги нарачале и стојат зад насилствата на крвавиот четврток кога се случи организиран обид за убиство на пратеници, а загрозена беше и безбедноста на новинари и вработени во Собранието, велат од СДСМ по барањето од ВМРО-ДПМНЕ итно да бидат ослободени и помилувани насилниците од крвавиот четврток.

„Колку и ВМРО-ДПМНЕ да се обидува да ги спаси своите извршители од одговорност за крвавиот четврток, не смее да има амнестија за оние кои учествуваа или помогнаа во обидот да се убијат пратеници. Во Македонија, како и во секоја демократска земја не може да има амнестија за тешки кривични дела како обид за убиство, терористичко загрозување и дела против државата и уставниот поредок“, велат од СДСМ.

Од таму додаваат дека предлог законот за амнестија не предвидува ослободување на лица што сториле кривични дела против државата и кривични дела злосторничко здружување.

„Заврши времето на селективна правда. Македонија станува правна држава и секој кој ги прекршил законите, ќе мора да се соочи со правна одговорност за своите постапки“, посочуваат од партијата на Заев.

 

Поврзани новости