СДСМ: Не им дадовме амнестија, па затоа Мицкоски сѐ уште не се изјаснува за референдумот

by fokus

Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ сe уште не се изјасниле за референдумот. За најважното прашање за иднината на државата, за најважното прашање за иднината на граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ нема јасен став, велат од СДСМ.

„Тоа до крајни граници ја покажува несериозноста, неодговорноста и загубеноста на ова раководство на ВМРО-ДПМНЕ. Очигледно ВМРО-ДПМНЕ ќе го поддржеше договорот и сосема поинаку ќе се однесуваше доколку им се дадеше амнестијата којашто ја бараа но не ја добија“, се вели во соопштението на СДСМ.

Од СДСМ додаваат дека Македонија нема алтернатива освен членство во НАТО и ЕУ. Тоа се врвните стратешки државни и национални интереси. Ако ВМРО-ДПМНЕ смета дека има друга алтернатива нека ја соопшти јавно.

„Има ли воопшто некаков план ВМРО-ДПМНЕ? Граѓаните и сите прогресивни сили коишто се обединија околу иднината на земјава нема да дозволат неодговороното однесување на Мицкоски да ја втурне Македонија во нова изолација. На 30-ти септември, граѓаните ќе изберат иднина наместо небиднина, ќе изберат членство во НАТО и ЕУ со зачуван и зајакнат македонски идентитет“, велат од СДСМ.

Поврзани новости