СДСМ не гледа потреба од лидерска средба

by Fokus

Не гледаме потреба од лидерска средба, особено со човек кој нема став за ниту едно важно, национално или стратешко прашање, изјави денеска портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.

Како што рече Кузеска на прес-конференција, Мицкоски не е за договор на било која тема, тој бара начин само како наштети на државата, особено на процесите кои не водат кон ЕУ.

-Македонскиот јазик, македонскиот идентитет и посебност се меѓународно потврдени и признаени од целиот свет. Со нашиот сосед, Бугарија, имаме Договор за соработка и добрососедство, кој патем е потпишан и на македонски јазик. Очекуваме во духот на овој Договор, да продолжиме заеднички да ги градиме односите. За темите кои произлегуваат од Договорот изразуваме волја да ги решаваме преку работата на комисиите кои имаат надлежност за тоа, рече Кузеска, одговорајќи на новинарско прашање.

Претходно, на прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски го повтори повикот што вчера јавно го упати неговиот лидер, Христијан Мицкоски, за одржување лидерска средба на која би се ставиле на маса „сите важни прашања“.

Мицкоски јавно повика на лидерска средба на која, освен за разговорите со Бугарија, би се разговарало и за пописот, економијата, образованието

Поврзани новости