СДСМ не ги прифаќа мандатите, официјалната одлука вечер

by Фокус 12:33
12:33

Извршниот одбор на СДСМ на вчерашната седница едногласно дал препорака за неприфаќање на мандатите на СДСМ. Останува Централниот одбор вечерва само да ја прифати оваа одлука.

„Да бидам прецизен дека одлуката да не се прифатат мандатите беше донесена едногласно, а не како што беше претставено во дел медиуми, дека некои од членовите не се согласувале. Извршниот одбор има ингеренција само да препорача, а официјалната одлука, која слободно можам да кажам дека веќе е позната, ќе биде донесена вечерва од страна на Централниот одбор“, изјави Петре Шилегов, портпарол на СДСМ.

- Advertisements -

Околу 170 претставки за нерегуларност на изборите СДСМ поднел до Државната комисија за спречување на корупцијата и Јавното обвинителство.

„За дел од претставките воопшто не добивме одговор, а дел ни беа одбиени“, вели Шилегов.

Државната изборна комисија и Управниот суд веќе отфрлија 20.000 претставки поднесени од страна на опозицијата во кои беа изразени сериозни сомнежи за поткуп во изборниот процес, семејно гласање, вршење притисок врз администрацијата… Од тие причини, како што вели Шилегов, овојпат претставките се поднесени до институциите задолжени за борба против корупцијата, бидејќи СДСМ не го призна изборниот процес и сметаше дека претставките до ДИК би немале ефект.

Поврзани новости