СДСМ: Нарачаните анкети од фантомскиот институт „Павел Шатев“ нема да го спасат Груевски од пораз

by fokus

Нарачаните анкети од фантомски партиски институти нема да им помогнат на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ да го избегнат извесниот пораз на претстојните локални избори, велат од СДСМ откако вчера овој Институт лиферуваше соопштение од спроведена анкета, кое предвидува поголема поддршка на граѓаните за градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ.

Според СДСМ никој повеќе не верува во анкетите на фантомскиот институт „Павел Шатев“ кој е затворен пред неколку месеци.

„Граѓаните одамна ги препознаа новите политики и вредности на Владата предводена од СДСМ и ги чувствуваат придобивките од спроведените мерки што носат квалитетен живот, отворени институции и повеќе пари во семејните буџети. Јавноста повеќе не верува во нарачни и наместени анкети од партиски институти што служат единствено за да му го чуваат стравот на Груевски од претстојниот пораз на изборите, на кои мнозинството ќе ја поддржи чесната понуда на кандидати на СДСМ и ќе стави крај на криминалното владеење на ВМРО-ДПМНЕ на локално ниво“, велат од партијата.

Поврзани новости