СДСМ: Наместо да бараат алиби, Мицкоски и Силјановска да се подготват за пораз

by fokus

Соочени со извесниот пораз на претседателските избори, ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски бараат алиби, затоа лажат и се закануваат кон обвинители.

Јавното обвинителство е независна и професионална институција која работи согласно законските надлежности и треба да се остави да ги заврши започнатите истраги, велат од СДСМ.

„Изборни измами беа одлика на 11 годишното криминално владеење на ВМРО-ДПМНЕ.

Времето на изборни притисоци и измами заврши со заминувањето на ВМРО-ДПМНЕ во опозиција.

Северна Македонија ќе има кристално чисти, фер и слободни престседателски избори.

На кристално чисти избори граѓаните ќе изберат претседател за сите, кој достоинствено ќе ја претставува државата, претседател кој ќе гледа и ќе води напред, граѓаните ќе го изберат Стево Пендаровски.

Наместо да бараат алиби, ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски и Силјановска нека се подготват за изборен пораз“, додаваа од владејачката партија.

Поврзани новости