СДСМ: Намалувањето на казните е задоцнето, многу фирми веќе се затворија

by Фокус

-Никола Груевски препиша низа решенија на СДСМ во својата предизборна програма, но за жал и овие мерки од казнената политика на коишто апелиравме, се случуваат многу задоцнето, откако целосно ги исцедија фирмите и граѓаните, се вели во соопштението на СДСМ по повод намалувањето на глобите за фирмите.

Од СДСМ велат дека погрешните и репресивни политики на Груевски ја донеле најголемата сиромаштија во Македонија, но добро било што “уплашената власт на Никола Груевски конечно ќе ги намали глобите, ќе воведе мерка опомена и скалест пристап во казнената политика“.

-Со години укажуваме дека неразумните политики на власта на Груевски водат кон банкрот на граѓаните и фирмите што денеска е реалност. Затоа и зборувавме за потребата од опомена пред казна, предлагавме намалување на казните за 50 проценти и можност помалите фирми да плаќаат помали глоби. Во 2013 година, додека ги промовиравме овие мерки, власта затвораше фирми, изрекуваше глоби во илјадници евра, менуваше закони внесувајќи вртоглави суми казни, стои во соопштението на СДСМ.

Поврзани новости