СДСМ: Најбогатата партија ВМРО-ДПМНЕ со долг кон државата покажува дека не ја интересираат граѓаните

by fokus 15:56
15:56

СДСМ го оцени како доказ за лицемерното, неодговорно и антидржавно однесување на ВМРО-ДПМНЕ фактот дека е единствена партија во земјата што не платила данок кон државата, соопштуваат од Социјалдемократскиот сојуз откако „Фокус“ објави дека на листата на должници на управата за јавни приходи се најде и коалицијата ВМРО-ДПМНЕ за наплатен данок на добивка.

„ Крајно лицемерно е ВМРО-ДПМНЕ, најбогатата партија во Европа, да глуми загриженост за економијата и буџетот на Република Македонија, а истовремено да не ги исполнува своите законски обврски за плаќање даноци“, велат од СДСМ.

Долгот што ВМРО-ДПМНЕ го има кон државата поради неплатен данок, додаваат од таму, докажува дека партијата на Никола Груевски воопшто не ја интересираат ниту граѓаните ниту државата

- Advertising -

„Доколку ВМРО-ДПМНЕ мислеше на државата и нејзините граѓани, а не на криминалните апетити на Груевски, тогаш, како и секое друго правно и физичко лице, навремено ќе ги исплаќаше своите обврски кон државата“, стои во реакцијата на СДСМ.

 

Поврзани новости