СДСМ: Мицкоски застана зад насилниците од 27 април и криминалци како Јанкулоска

by Фокус
Вечерва се случи уште едно фијаско на губитникот Христијан Мицкоски и неговите приврзаници во обид да го одбранат криминалот во редовите на ВМРО-ДПМНЕ, велат од СДСМ во однос на протестот на ДПМНЕ.
„Исплашени од одговорност и неселективното владеење на правото Мицкоски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш застанаа зад неправдата и криминалот. Вечерва нервозниот Мицкоски и неговите приврзаници застанаа зад насилниците кои на 27 април се обидоа да убиваат пратеници во Собранието, застанаа зад осудени криминалци и извршители на Никола Груевски, како Гордана Јанкуловска. Ако навистина е за правда и владеење на правото, Мицкоски ќе ги повикаше своите соработници против кои се водат предмети и истраги, да се соочат со одговорноста, а не како вечерва да се обидува да врши притисоци врз судството и обвинителството, како во мрачните години на режимот“, велат од СДСМ.
Од партијата на Зоран Заев додаваат дека лицемерно е тоа што Мицкоски зборува за слободата на медиумите кога, според владејачката партија, ДПМНЕ апсеше и затвораше новинари, вршеше упади во медиуми и системски корумпираше медиуми.

Поврзани новости