СДСМ: Мицкоски не собра сили да се огради од Груевски, бришењето на функцијата е само блеф

by fokus

Откако лидерот на ВМРО-ДПМНЕ вчера во интервју за телевизија 24 истакна дека ќе ја избришат функцијата почесен претседател, од СДСМ му реплицираат дека тој не собрал сили да се огради од криминалот и злоделата на неговиот ментор и шеф Никола Груевски.

-Со тоа, Мицкоски се определи за Никола Груевски по секоја цена.

Најавата за бришење на функцијата почесен претседател, без осуда, без оградување од криминалот на Груевски е уште еден прочитан блеф на Мицкоски.

Мицкоски се опкружи со луѓе од режимот меѓу кои и исцелител, но и човек кој јавно на телевизија навредуваше пратеници на СДСМ и бранеше насилници кои насилно упаднаа во Собранието.

Со такви ликови се борат само за обнова на режимот, заробената држава и груевизмот

Лажните преродби и обнови се стариот крив пат на Груевски и Мицкоски. Членството во НАТО и ЕУ и носењето на парите кај граѓаните е правиот пат.

По неколку изборни порази Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ можат да се подготвуваат за нов пораз на наредните избори, кога и да се, велат од СДСМ.

Поврзани новости