СДСМ: Мицкоски лаже, во амандманите на ВМРО-ДПМНЕ за СЈО секаде стои Република Северна Македонија

by fokus 11:38
11:38

На површина исплива уште еден доказ за лажниот патриотизам на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, реагираат од СДСМ.

„Додека Мицкоски ја замајува јавноста со лажен патриотизам тврдејќи дека не го признава уставното име, истовремено, според јавно достапните информации, на сите амандмани на неговата ВМРО-ДПМНЕ поднесени до Собранието за Законот за јавно обвинителство стои новото уставно име Република Северна Македонија.

- Advertisements -

Мицкоски е неискрен и лицемерен и продолжува да ја лаже и манипулира јавноста. Со тоа уште еднаш докажува дека е ист како неговиот ментор и претходник, криминалецот Никола Груевски“, додава владејачката партија.

Поврзани новости