СДСМ: Мицкоски го враќа кумот на Груевски по негова насока

by fokus

ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски не бележи никакви промени. Во Белиот дворец е присутна истата режимска матрица на Никола Груевски. Вистински доказ за тоа е и враќањето на висока партиска функција на кумот на Груевски и поранешен министер за финансии Зоран Ставрески, реагира СДСМ.

-Целата јавност имаше можност да слушне како Ставрески вели „Трошиме за чоколадо, а немаме ни за леб”, а денес, тој Ставрески ќе ја контролира работата и ќе им дава наредби на градоначалниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Ова, за жал, значи дека градоначалниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ наместо да работат за граѓаните и исклучиво во нивен интерес, ќе работат за Ставрески и неговиот личен интерес. Се појасно станува брзањето на Мицкоски да ја преземе власта. Под притисок на белагецот од Будимпешта во Белиот дворец се прават планови за негово враќање. По негова насока се враќаат неговите најблиски соработници на партиски позиции, реагираат од партијата.

Поврзани новости