СДСМ: Мицкоски добил државно земјиште за изградба на хидроцентрала додека му бил советник на Груевски

by fokus

Од владејачката партија СДСМ објавија документи кои докажуваат, како што велат, дека додека му бил советник на екс премиерот, Никола Груевски, актуелниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, добил од Владата државно земјиште за изградба на хидроцентрала.

Решението објавено во Службен весник, велат од СДСМ, го потпишал тогашниот министер за финансии, Зоран Ставревски.

Според партијата Мицкоски и конзорциумот во кој тој има удел во 2015 година добива државно земјиште од речиси 33 илјади квадратни метри за изградба на хидроцентрала.

„Конфузното антизападно раководство на ВМРО-ДПМНЕ е фатено во лага, јавноста дознава за спрегата меѓу Хидро Мицкоски и неговиот ментор Груевски. Поврзаноста на антизападниот пион Христијан Мицкоски со криминалите на неговиот ментор Никола Груевски излегуваат на површина. Конзорциумот во кој удел има Христијан Хидро Мицкоски од владата на носителот на криминалот Груевски добил согласност за користење на вода и закуп на земјиште за изградба на хидроцентрали. Тоа е класичен судар на интереси. Очигледна е спрегата меѓу Христијан Хидро Мицкоски и Никола Груевски и зошто погубно се следат криминалните политики од страна на антизападното раководство на ВМРО ДПМНЕ“, велат од СДСМ.

Поврзани новости