СДСМ: Мицкоски да ги повика на одговорност сите обвинети од ВМРО-ДПМЕ

by Fokus

Откако ги призна сите криминални злодела на ВМРО-ДПМНЕ предводена од неговите ментори Никола Груевски и Сашо Мијалков, Христијан Мицкоски да ги повика на соочување со одговорност сите во белиот дворец против кои се водат судски предмети, се вели во соопштението на владејачката партија СДСМ.

-Цели три години Мицкоски е на браникот на криминалот, работи против правдата, против судска разрешница на предметите на СЈО во кои се и Груевски и Мијалков ама и Милошоски и Орце Камчев и многу други. ВМРО ДПМНЕ и Христијан Мицкоски се симболот на криминалот, корупцијата и неправдата. Граѓаните ова многу добро го знаат. Како што и досега не успеа во својата намера, нема да успеат ниту овој пат, одговорност ќе има за сите до еден, се вели во соопштението.

Поврзани новости