СДСМ: Миноски ги излажал инвеститорите дека има правна важност за обврзницата?

by fokus 14:37
14:37

Министерот за финансии Кирил Миноски ги лажел странските кредитори и медиуми дека е обезбедено потребното мислење за правната важност на еврообврзницата од Министерството за правда, реагираат денеска од СДСМ.

-Миноски вчера самиот призна дека дополнително ќе барал мислење од Министерството за правда. Ова е скандалозно бидејки министерот за финансии постапил противзаконски! Ова е директно прекршување на Законот за јавен долг, член 18 став 6. Министерството за финансии морало да обезбеди претходно потврда за правната важност на еврообврзницата. Сега е јасно зошто со денови молчи министерот за правда Валдет Џафери на прашањето дали Министерството за правда издало мислење за правната важност на еврообврзницата, се вели во соопштението.

Опозициската партија го предупреди министерот Џафери, дека покрај другите нелегални дејства во моментот на издавање на еврообврзницата, ставката странски задолжувања во Буџетот за 2016 е 370 милиони евра, а ребалансот на Буџетот се уште не е усвоен во Собранието на Р.Македонија.

-Министерот за правда, Владет Џафери добро нека размисли дали ќе биде соучесник во извршување на ова финансиско злосторство! Укажуваме дека сите инволвирани лица во издавањето на незаконската 450 милионска еврообврзница ќе мора да понесат одговарност, завршува реакцијата на СДСМ.

Поврзани новости