СДСМ: Милошоски лажеше дека останува со Груевски, од вчера е нотар

by fokus

Социјалдемократскиот сојуз информира дека Антонио Милошоски од вчера почнал да работи како нотар.

Тоа партијата го потврдува со извадок од Службен весник и вели дека „Милошоски си нашол резервна позиција во нотарската професија, свесен дека Груевски заминува од политиката, а ВМРО-ДПМНЕ заминува во опозиција“.

„Носителот на кандидатска листа на ВМРО-ДПМНЕ во изборната единица 5 и еден од најблиските соработници на Груевски напразно лажеше дека решението за нотар наводно му било во мирување, и дека тој наводно останувал со Груевски и со партијата. Потегот на Милошоски покажува дека почнаа напуштањата на Груевски и тоа од страна на неговите најблиски соработници. Почнува и живот за граѓаните на Македонија кои гласаа против режимот, за промени во Република Македонија“, се вели во соопштението на СДСМ.

Поврзани новости