СДСМ: Македонија ја очекува новата Влада, ВМРО-ДПМНЕ да биде конструктивна опозиција

by Fokus

„ВМРО-ДПМНЕ мора да најде сила да биде конструктивна опозиција којашто ќе ги поддржи реформските процеси, наместо да продолжуваат со лагите за личните интереси на Никола Груевски, реагираат од СДСМ.

–  Злоделата и криминалните врски на раководството на ВМРО-ДПМНЕ со убијци, криминалци и проблематични разуздани структури кои тешко повредија пратеници, новинари и вработени во Собранието на Р. Македонија ги виде цела домашна и меѓунарoдна јавност и тие не смеат да се повторат. Сите поттикнувања на омраза, тензии и насилни активности се тешки противуставни кривични дела за коишто законски се одговара. Сите сега ја очекуваат новата реформска Влада на граѓаните на Македонија којашто е државен приоритет – се наведува во партиското соопштение на СДСМ.

 

 

Поврзани новости