СДСМ: Македонија е во изолација поради криминалот на Груевски, Иванов да постапи разумно

by fokus 11:16
11:16

СДСМ и утрово апелира до претседателот на државата, Ѓорге Иванов и ВМРО-ДПМНЕ да постапуваат разумно и законски, за да се овозможи мирен и сигурен трансфер на власта.

Социјалдемократите потсетуваат дека формирањето нова Влада и спроведување  реформските приоритети, е врвен државен интерес, и  секое постапување против државните интереси е кривично дело казниво со закон.

- Advertisements -

-Тоа што треба да го направи и Ѓорѓе Иванов да го додели мандатот за составување на Влада. Новиот претседател на Собранието го информираше Иванов дека има легитимно палраментарно мнозинство и Иванов е должен да го почитува Уставот- смета СДСМ.

Од таму додаваат и дека личната корист на сметка на граѓанските државни интереси е причината поради којашто оваа мала група во врвот на ВМРО ДПМНЕ на чело со Никола Груевски измислува непостоечки теми.

– Тие знаат дека партијата е веќе опозиција и дека правната држава ќе им ги скрати личните бенефити. Тоа го знае и членството на ВМРО ДПМНЕ кое сега треба да реагира и да покаже дека им се важни граѓаните, а не заштита на криминалот – велат од СДСМ.

Од партијата потсетуваат и дека мнозинството граѓани одбра промени и гласаа за Програмата на новата Влада која ја шитит унитарноста и носи живот за сите и која ја има поддршката од домашната и меѓународната јавност.

-Тоа што новата Влада ќе пристапи кон зголемување на минималната плата, ќе биде укината радиодифузната такса, ќе биде воведена дневната ефтина тарифа на струјата и цел викенд ефтина струја се само некои од првите мерки од коишто граѓаните ќе почувствуваат олеснување во семејните буџети. Добро ќе живеат сите граѓани, а не само една фамилија. Новата реформска Влада е неопходна и поради евро-интеграциските процеси на Република Македонија. Земјата е долго блокирана на овој пат и во изолација поради криминалните интереси на Никола Груевски и на раководството на ВМРО ДПМНЕ- соопштија од СДСМ.

 

Поврзани новости