СДСМ: Македонија е петта земја по мизерија во Европа

by Fokus 12:03
12:03

Според податоците на познатиот Като институт, Македонија во 2015 година беше 5-та земја по мизерија во Европа! На светско ниво Македонија се најде на високото 13 место помеѓу најбедните земји во светот како што се  Венецуела, Уругвај, Молдавија, Украина, реагираа од опозицискиот СДСМ.

Од таму тврдат дека децениското уништување на економијата и општеството од страна на Груевски и фамилијата, ја направија Македонија една од најмизерните земји во светот.

- Advertisements -

– Алчното и криминално трошење на буџетските средства, зголемената корупција и високите казни од Македонија направија земја невозможна за живеење. Груевски и ВМРО-ДПМНЕ цели десет години го кршеа секое човеково достоинство, оставајќи илјадници семесјтва без редовни приходи и на работ на преживување – се наведува во соопштението од СДСМ.

Според нив, малтретирањето и понижувањето на сопствените граѓани мора да запре.

– Преку една од мерките во Планот за живот во Македонија се обврзуваме дека секое семејство кое нема никакви приходи ќе добива парична државна помош во висина од 12 000 денари за четиричлено семесјтво. Доколку семејството сепак има некакви примања а тие се под 12.000 денари, државата ќе ја надполни разликата. На пример, ако едно семејство има приходи од 4.000 денари, тоа семејство ќе добие 8000 денари државна помош, ако семејствто има 7.000 денари приходи, тоа ќе добие државна помош од 5000 денари секој месец – се наведува понатаму во партиското соопштение.

 

Поврзани новости