СДСМ: Лажни се наводите на ВМРО-ДПМНЕ за притисоци, уцени и злоупотреби во МВР

by fokus

ВМРО-ДПМНЕ, партијата чиешто владеење ќе остане запаметено по масовната партизација на институциите и по злоупотребата на полицијата, секојденвно пласира измислици и невистини, порачуваат од СДСМ.

Тие во соопштението велат дека се лажни наводите на ВМРО-ДПМНЕ за притисоци, уцени и злоупотреби во Министерството за внатрешни работи.

„Како што јавно објави МВР сите процедури за распоредување на вработени се спроведуваат според постапка утврдена со Законот за внатрешни работи и другите подзаконски акти. ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со фактот дека заврши времето на МВРО-ВМРО и злоупотребата на полицијата во лични и партиски интереси. Со реформскиот процес по промените, полицијата се професионализира, се опремува, делува неселективно и се развива како вистински пријател-заштитник на граѓаните“, стои во соопштението на владејачката партија.

Поврзани новости