СДСМ: Криминалното раководство на ВМРО – ДПМНЕ ќе одговара за сите злодела врз граѓаните

by fokus 14:14
14:14

Криминалното раководство на ВМРО-ДПМНЕ мора да се помири со фактот дека правдата доаѓа по своето и одговорност за сите злодела врз граѓаните и државата ќе има, порачува СДСМ во денешното соопштение.

„Никола Груевски од позиција на поранешен премиер е фатен во безобразно измислување жолти комбиња, тактички опреми, клонирани станици, странски служби, само за да се обиде да се спаси себе си и неговиот братучед Сашо Мијалков за скандалот со нелегалното прислушување.

Затоа на Груевски и соработниците им засмета СЈО, формирано со потпис од Груевски на Договорот од Пржино и со гласови на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ во Парламентот.

Над 612.000 граѓаните избраа промени, правда, поддршка за СЈО, живот и се изјаснија против режим, криминал и политичари како Никола Груевски кои ставија над 500.000 граѓани под прагот на сиромаштија и ја водат Македонија во меѓународна изолација.

Мнозинската волја на граѓаните на Македонија мора да биде преточена во институциите“, се наведува во соопштението.

Поврзани новости