СДСМ: Криминалната ВМРО-ДПМНЕ 11 години мислеше како да приграби повеќе пари за фамилијата

by fokus

Владејачката СДСМ испрати остри критики кон опозициската ВМРО-ДПМНЕ, додавајќи дека таа партија 11 години мислела само како да приграби повеќе пари за фамилијата, а земјоделците биле потценувани и злоупотребувани.

„Криминалната ВМРО-ДПМНЕ 11 години мислеше како да приграби повеќе пари за фамилијата а земјоделците ги потценуваше и злоупотребуваше.

Владата на СДСМ покажува што значи вистинска грижа за трудот на земјоделците, што значи план за вистински развој на земјоделието.

Владата веќе донесе одлука за воведување на нова мерка за стабилизирање на откупот на сливи со субвенција од 2 денари по килограм за откупени сливи.

Оваа нова мерка, ќе го поттикне договорениот откуп на произведената слива од родот 2018-та и ќе ја подобри конкурентноста на домашната преработувачка индустрија.

Субвенцијата ќе важи за количините на сливи кои ќе се откупат до 15 септември 2018 година, по откупна цена не пониска од 5 денари за килограм индустриски сливи.

Исто така, новата субвенција ќе ја добијат и оние откупувачи кои ќе откупат свежи сливи, како што е договорено, откупната цена за оваа слива да не биде пониска од 8 денари за килограм.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, изминатава година и пол, воведува системски мерки за поттикнување на равојот на земјоделството.

Минатата година за 10 отсто се зголемемени субвенциите за овошни насади со што 2.500 производители на сливи добоја повеќе субвенции или вкупно 64 милиони денари“, велат од СДСМ.

Поврзани новости