СДСМ: Криминалната банда Груевски-Мијалков е избезумена

by Фокус

Криминалната банда Груевски-Мијалков е избезумена и братучедската двојка сфаќа дека не може да се спаси под чадорот на Ѓогре Иванов што кисне, велат денеска од СДСМ.

-Гледаат Груевски и Мијалков, истрагата што ја отвори Специјалното јавно обвинителство, не може да ја затвори Иванов, бидејки судот и правдата се во рацете на граѓаните. Граѓаните ќе им пресудат на Груевски, Мијалков, Иванов и нивните соработници. Затоа Груевски во очај вади разобличени политичкиот спинови како што е конструираниот случај Глобал, што му гo разоткрија токму институции под негова контрола. За потсетување има и највисоки судски пресуди што потврдуваат дека нема случај Глобал, се вели во соопштението на СДСМ.

Од опозицискта партија потсетуваат дека од „Глобал“ плата земаат околу 400-тини граѓани на Струмица, а проектот е јавно приватно партнерство, без ниту денар потрошени општински пари.

Поврзани новости