СДСМ кон ВМРО-ДПМНЕ: Нека учат што значи грижа за пензионерите

by fokus

ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири дека реформите на Владата предводена од СДСМ носат конкретни придобивки за граѓаните, велат од СДСМ.

„Единаесет години ВМРО-ДПМНЕ ги лажеше и манипулираше пезнионерите, не го следеше законското усогласување и во пензиите интервенираше само ад хок пред избори.

Денес ВМРО-ДПМНЕ повторно ги лаже пензионерите велејќи дека пензиите не растеле.

Напротив, пензиите растат и ќе продолжат да растат.

Со јануарската пензија пезнинерите ќе добијат покачување од 700 денари кое заедно со двете усогласувања наредната година треба да достигне до 900 ден, со што просечната пензија ќе порасне за 1746 денари во однос на 2016 година.

Растот на економијата и платите овозможи приходите во Фондот за пензиско осигурување да пораснат за 10 проценти, Фондот да се стабилзира и да се следува реално зголемување на пензиите.

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски нека учат што значи вистинска грижа за пензионерите“, додаваат од владејачката партија.

Поврзани новости