СДСМ: Керамидница е во катастрофална инфраструктурна состојба

by Fokus

Керамидница е во катастрофална инфраструктурна состојба. Тони Трајковски осум години ниту ја одржуваше, ниту изгради нова фекална и атмосферса канализација во оваа населба. Поради непланското градење, постоечката не може да ги опслужи потребите и нема доволен капацитет, реагираат од СДСМ.

– Трајковски два мандата не водеше сметка за дивото градење во населбата. Керамидница има итна потреба од нов Детално урбанистички план. Новата локална власт со претходна реамбулација на постојните катастарски и плански подлоги, но и со геодетско снимање на теренот ќе изработи нов ДУП кој предвидува инфраструктурни проекти, безбедни сообраќајници, детски и спортски игралишта – се наведува во соопштението од СДСМ.

Поврзани новости