СДСМ: Ќе вложиме 600 милиони евра во првите две години за модерни патишта

by Fokus 13:52
13:52

Ќе вложиме 600 милиони евра во првите две години од мандатот за изградба на патишта. Секој граѓанин да има пристапен сигурен и безбеден пат до секое населено место во Македонија, информираат од опозицискиот СДСМ.

– Уште во првите 6 месеци од мандатот ќе усвоиме Стратешки план за инвестициите во патната инфраструктура во Македонија. Планот е целосно да се модернизира целосната инфраструктура во Македонија со инвестиции од 3 милијарди ерва во следните 10 години. Со тоа ќе обезбедиме изградба на: 600 километри автопатишта и експресни патишта, 550 километри магистрални и регионални патишта, 1.000 километри локални патишта – се наведува во партиското соопштение.

Според нив, недозволиво е во 21-ви век голем дел од жителите во Македонија да бидат отсечени од светот, затоа што немаат пат.

– Граѓаните да се движат по калливи, непроодни и небезбедни патеки наместо патишта. Луѓето и туристите да се движат по небезбедни автопатишта. Во Планот за живот се обврзавме и дека ќе ја модернизираме патната инфраструктура со електронски патарини, што ќе ги поместиме на излезите на автопатите, со цел да се намали времето на патување – велат од СДСМ.

 

Поврзани новости