СДСМ: Ќе обезбедиме реална просечна плата од 30 илјади денари

by fokus 12:03
12:03

Ќе ја покачиме просечната плата на 30.000 денари, а во семејство со двајца вработени, тоа е месечен приход од 1.000 евра, ветуваат денеска од СДСМ.

-Спиралата на покачување на платите ќе ја отвориме со зголемувањето на минималната плата, којашто во првите четири месеци од мандатот ќе се зголемиме на 12.000 денари за сите работници, а до крајот на мандатот до 16.000 денари. Просечната плата од 30.000 денари ќе ја обезбедиме со силна поддршка на домашните микро, мали и средни претпријатија, за кои испланиравме 140 милиони евра директна државна помош. Ќе ги ослободиме фирмите од политички нарачани инспекции со кои рекетира сегашната власт со казни од илјадници евра. Ако фирмите имаат пари тие ќе можат да се развиваат. Така ќе отвораат нови работни места и ќе даваат повеќе пари на вработените. Ако граѓаните имаат повеќе пари, тие повеќе и ќе трошат. Со тоа ќе живне прометот во фирмите, ќе се зголеми нивниот обрт, фирмичката ќе има можност да стане фирма, фирмата ќе може да ангажира нови вработени, се вели во соопштението на СДСМ.

Од партијата додаваат дека парите од Буџетот ќе ги враќаат кај граѓаните преку  поврат на 15 проценти од ДДВ-то што го плаќа секој граѓанин во потрошувачките сметки.

Поврзани новости