СДСМ: Каматата веќе не смее да биде поголема од долгот

by fokus

Собранието ги усвои дополнувањата на Законот за облигациони односи по предлог на парламентарното мнозинство од СДСМ. На овој начин исправивме уште една голема неправда кон граѓаните и компаниите, се вели во партиското соопштение на СДСМ.

-Дополнувањата на Законот, кои во сила стапуваат веќе следниот месец, пропишуваат каматата на неплатениот долг да престане да расте кога ќе достигне износот на главнината, односно каматата повеќе не смее да биде повисока од износот на долгот. Тоа значи дека ако одреден граѓанин или фирма имале долг од пред десеттина години, на сума од 1.000 денари, каматите што се таложеле со години и кои на крајот ќе треба да ги плати, нема да бидат повисоки од 1.000 денари, појаснуваат од СДСМ.

Оттаму додаваат дека со овие измени ставаат крај на ситуациите кога за долг од на пример 500 денари должникот мораше да плаќа 5.000, 8.000 па и 10.000 денари по основ на камати.

-Законското решение ќе важи и за граѓаните и за компаниите, и ќе се однесува на долгови од секаков карактер, на пример за застарени сметки за струја, вода, телекомуникациски услуги, обврски кон банки и слично. СДСМ како одговорна партија продолжува да реализира мерки и политики кои обезбедуваат подобри услови за работа на компаниите и повисок животен стандард за граѓаните, велат од СДСМ.

Поврзани новости