СДСМ: Јавниот долг е висок поради криминални политики на ВМРО-ДПМНЕ

by fokus

После 11-годишно пустошење на државата, осиромашување и енормно задолжување на граѓаните за споменици, барок и криминални тендери ВМРО-ДПМНЕ не може да зборува за јавен долг, реагираат од СДСМ на обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ за задолжувањето.

-ВМРО-ДПМНЕ е синоним за тројно зголемен јавен долг и колапс на економијата. Затоа јавниот долг е висок, поради криминални политики на ВМРО-ДПМНЕ. Со промените, долгот е стабилизиран благодарение на успешните економски политики на Владата предводена од СДСМ. Првпат јавниот долг е намален од 48,5 проценти од БДП во 2016 година на 47,6 проценти од БДП во 2017 година и забавен е растот на јавниот долг. Со домаќинските и одговорни политики може да се очекува пад за неколку години, откако ќе бидат исплатени старите задолжувања кои со каматите изнесуваат над две милијарди евра, оставени од ВМРО-ДПМНЕ. Владата предводена од СДСМ одговорно, транспарентно и домаќински управува со јавните финасии. Што се однесува до Фискалната стратегија, ВМРО-ДПМНЕ треба да одговори зошто за 10 години ниту еднаш не предаде Фискална стратегија во законски предвидениот рок?Зошто во последната фискална стратегија предвидуваа далеку повисоко заодолжување од над 53 проценти од БДП? Граѓаните треба да останат смирени, економијата се движи во добар правец, планот за економски раст дава резултати, финансиите се стабилни, смируваат од СДСМ.

Поврзани новости