СДСМ: Јавни претпријатија во Прилеп се излепени со повици за партиски протести

by fokus

Прилепските социјалдемократи апелираат веднаш да престанат злоупотребите на имотот на јавните комунални претпријатија во Прилеп за партиски цели.

Наплатните центри на ЈКП „Комуналец“ и ЈКП „Водовод и канализација“ кои се наоѓаат во центарот на Прилеп, како што сведочи СДСМ Прилеп, се излепени со повици за протести и тоа од внатрешната страна на стаклата од двата објекти.

„Тоа значи дека повиците се излепени со дозвола или со знаење на вработените и директорите Златко Ристески и Сашо Николоски. Сите што прават злоупотреби во обид да го спасат криминалното раководство на ВМРО-ДПМНЕ, ќе понесат одговорност.
Ниту една злоупотреба нема да ги спречи демократските процеси и промените во Македонија. Доаѓа нова реформска Влада и нови одговорни власти кои ќе се
грижат за реалните проблеми и потреби на граѓаните“, се вели во реакцијата на СДСМ.

Поврзани новости