СДСМ: Јанушев не се појави во Берово, дебакл на ВМРО-ДПМНЕ

by fokus

Граѓаните не даваат поддршка на антидржавните политики на ВМРО-ДПМНЕ и не ја поддржуваат нивната обнова на режимот. Потврда за тоа е вчерашниот дебакл на ВМРО-ДПМНЕ во Берово, со очајно ниска посетеност, реагира владејачката партија за средбата со граѓани што ја одржа опозицијата вчера во Берово.

„Иако претходно беше најавено дека на средбата ќе учествува и генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев, тој на крајот не се појавил меѓу граѓаните на Берово. Очигледно свесен дека нема поддршка Јанушев не се појавил иако претходно бил најавен на официјална прес конференција на партијата. ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски се прочитани. Граѓаните гледаат дека тие немаат програма, немаат идеја, немаат план, туку нудат само обнова на режимот, одбрана на криминалот и враќање назад, во темното минато на изолација и неизвесност. Со таква понуда Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ги очекува само пораз на изборите на 12 април во Берово но и ширум земјава“, пишува во реакцијата на СДСМ.

Поврзани новости