СДСМ: Јакимовски и ВМРО-ДПМНЕ не прифатија седница за помош на поплавените граѓани

by fokus

Градоначалникот на Општина Карпош, Стевче Јакимовски, не ја прифати иницијативата на советниците од СДСМ и опозицијата за итна седница и мерки за помош на загрозените граѓани од поплавените подрачја, со образложение дека тоа што се случува не е безбедносно прашање, се вели во денешната писмена реакција од СДСМ.

„Дополнително, беа офрлени предлозите на опозицијата за донесување одлука за доделување финансиска помош од Буџетот на Општината во износ од 1,5 милиони денари. Јакимовски и мнозинството од ВМРО-ДПМНЕ го отфрлија и предлогот на граѓаните да се пренаменат средствата за непродуктивните трошоци со кои дополнително се уништува зеленилото во Општината, како што е примерот со зеленилото во Карпош 4. Единствена причина за она што се случуваше е фактот што иницијативата ја покренаа советниците од опозицијата, а тоа може да го наруши имиџот на градоначаникот и советниците од ВМРО-ДПМНЕ и ГРОМ, кои сакаат да се престават во јавноста како спасители и да добијат политички поени од несреќата на луѓето, се вели во соопштението на СДСМ.

Од опозицијата додаваат и дека градоначалникот Јакимовски најавил нова седница на која ќе ги дал истите предлози, делумно изменети, само за да покажал дека тоа е нивна иницијатива.

-Ова е срам за сите граѓани на Општина Карпош, се наведува во соопштението.

Поврзани новости