СДСМ изгуби и во Струмица, победи само во Центар

by Фокус 12:29
12:29

Најголемата опозициска партија СДСМ на вчерашните избори, според бројот на гласовите изгуби и во Струмица, градот со кој управува лидерот на социјалдемократите Зоран Заев. На парламентарните избори ВМРО-ДПМНЕ освои 16.242 гласа, додека СДСМ 14.986 а на претседателските Ѓорге Иванов победи над Стево Пендаровски со 17.789 наспрема 15.993 гласа.

Центар, пак е единствената општина каде СДСМ на парламентарните избори извојува победа над ВМРО-ДПМНЕ и на претседателските и на парламентарните избори. За Стево Пендаровски гласале 16.452 од Центар, додека за Иванов 11.114 – за СДСМ во Центар се одлучиле 13.772 граѓани, додека за ВМРО-ДПМНЕ 10.942.

- Advertising -

Во Карпош пак СДСМ изгуби на парламентарните избори со сооднос 14.048 наспрема 13.813, додека пак Стево Пендаровски победи над Иванов со 19.382 наспрема 15.590 гласови.

Поврзани новости