СДСМ: Издавањето на обврзницата е противзаконско, сите ќе одговараат

by fokus

Опозициската СДСМ денеска реагираше на започнувањето на процесот за издавање на еврообврзницата од 650 милиони евра за која рече дека е противзаконска и дека ќе одговараат сите раководни лица во државните институции инволвирани во нејзиното издавање.

-Издавањето на еврообврзница на износ од 650 милиони евра е директно прекршување на Законот за Буџет, Законот за Влада, Договорот од 2 јуни/15 јули 2015 година и Кривичниот законик и ќе биде предмет на оспорување по промената на власта, се вели во соопштението од СДСМ.

Од партијата додаваат дека тие повторно ги известиле и агентите за издавање на еврообврзницата Сити Груп, Дојче Банк, Ерсте Банк, Сосиете Женерал и потенцијалните инвеститори дека ова задолжување е незаконско и ќе биде предмет на оспорување како законски јавен долг по промената на власта.

Поврзани новости