СДСМ: Ивона Талевска сака милиони

by Фокус

Панче Иванов, претседател на ОО СДСМ Велес, на денешната прес конференција објави разговор за кој посочи дека е помеѓу Ивона Талевска и Драган Павловиќ Латас, за кој вели дека покажува дека Талевска е вмешана во аферата „Визарис“.

Разговорот е помеѓу главниот и одговорен уредник во Сител телевизија, Драган Павловиќ Латас и познатата уредничка-бизнисменка Ивона Талеска.

Овој разговор, според СДСМ, целосно ја потврдува вистинитоста на сето она што СДСМ го објави пред повеќе од една година, поврзано за милионскиот скандал.

Јавноста слушна како Ивона Талевска лично, потврдува дека таа стои зад оваа фирма, па дури дека „сама била таму“. Според разговорот, Талевска знаела, како што вели, дека „ќе помине Визарис“, и тоа неколку месеци пред да се реализира тендерот за избор на фирмата од страна на Министерството за здравство.

Иванов најави дека  е потврдено оти Талевска во 2013-та, на крај признава дека милион и 300 илјади евра ќе легнат на сметка. Додека да и легнат парите на сметката, Талевска вели дека ќе живее како „мечка у пештера“ и нема да се „луксузира“, за да не се прават потреси.

Овој разговор е објавен како Транскрипт 2 од пресот на СДСМ во Велес.

 

Поврзани новости