СДСМ: Иванов потврди дека не само што е неспособен туку е непресметлив и опасен

by fokus

На денешенотот обраќање на претседателот Ѓорѓе Иванов, на кое меѓудругото обвини дека СЈО, опозицијата и демонстрантите биле виновни за кризата во државата, брзо реагираа од опозицискиот СДСМ.

-Со денешното обраќање лицето Ѓорѓе Иванов потврди дека не само што е неспособен туку е непресметлив и опасен додека ја врши функцијата Претседател на државата…. Наместо во име на сите граѓани, како што би требало да доликува на претседател на една држава, Иванов настапи во служба на криминалната фамилија што ја владееше Македонија во изминатите 10 години. Откако не успеа во обидот со аболиција да ја спаси од одговорност, во денешното обраќање Иванов се обиде да го наруши статусот, правната поставеност и работата на Специјалното јавно обвинителство и да отвори простор на друг начин правдата да биде спречена.- се вели во реакцијата на СДСМ.

Од партијат додаваат дека после денешниот говор, сите оние коишто во Собранието гласаа против импичментот за Иванов вечно ќе го носат товарот на за нивната одлука. Од СДСМ му порачаа на Иванов дека „единствената правилна одлука што во неговиот тажен, катастрофален мандат може да ја направи е да поднесе оставка”.

Поврзани новости