СДСМ: Иванов да постапи уставно, врвен државен интерес е формирање влада

by Fokus

Да се овозможи формирање влада од страна на ВМРО-ДПМНЕ и претседателот Ѓорѓе Иванов бидејќи тоа во моментов е врвен државен интерес,  истакнаа Социјалдемократскиот сојуз на Македонија.

– Парламентарното мнозинство ќе ја реализира својата обврска пред граѓаните, да ја формира новата Влада којашто ќе ги реализира потребните реформи во граѓански и државен интерес. Тој процес е почнат со изборот на новиот собраниски претседател. Пред граѓаните и пред Ѓорге Иванов ќе биде реафиримирана и определбата на мнозинството за унитарна Македонија, кое што ќе работи согласно Уставот и на евро-атлантска иднина на државата. Мора да се прекинат сите лаги во врска со некакви закани по националните и државните интереси, со коишто Никола Груевски за лични интереси ги вознемирува граѓаните – се наведува во партиското соопштение.

Поврзани новости