СДСМ: Иванов да овозможи мирен транфер на власта, наместо да штити криминални платформи

by fokus

Ѓорге Иванов е должен да овозможи мирен транфер на власта, а не да штити криминални платформи за лични и партиски цели, порачува СДСМ.

Партијата вели дека единствената платформа што претставува закана за граѓаните и државата е нафтената криминална платформа на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ.

„Целата домашна и меѓународна јавност знае дека постои Програма на новата реформска Влада на унитарна Македонија. Постои легитино парламентарно мнозинство од 67 пратеници и демократските процеси мора да продолжат. Тие се единствено решение против расцепите, поделбите, бинационалната држава, кон што водат политиките на Груевски што ги штити Иванов. Потребен е здрав разум и таа порака не случајно ја испрати меѓународната заедница“, велат од СДСМ.

Иванов не смее да ги загрозува државните интереси, нагласува партијата и потенцира дека тоа не смеат да го прават ни пратениците на ВМРО-ДПМНЕ.

„Мнозинската волја ќе се испочитува. Согласно Уставот, Деловникот и законите Македонија ќе добие легитимен претседател на Собранието, функционално Собрание и нова реформска Влада на граѓаните“, соопшти СДСМ.

Поврзани новости