СДСМ: Инспекции со вооружени полицајци хараат низ Струмица

by Фокус 13:31
13:31

Во ек на летна сезона, во време на Струмица опен фестивал, власта, испраќа инспекции придружувани од вооружени полицајци да затвораат кафулиња и ноќни клубови во Струмица, обвини денеска претседателот на општинската организација на СДСМ во Струмица, Марјан Даскаловски.

– Власта сака да ги казни струмичани, тоа е повеќе од јасно. ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со фактот дека Струмица е  најуспешната општина во источна Македонија без трошка помош од централната власт. ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со фактот дека граѓаните три пати по ред му ја даваат поддршката на Зоран Заев и на СДСМ. Собирањето на арач, астрономски казни и затворање на фирми по секоја цена мора да заврши – потенцираше Даскаловски

- Advertising -

Поврзани новости