СДСМ: Игнорантскиот однос на Уставниот суд кон прашањето за СЈО отвора сомнежи

by fokus

Во пресрет на утрешната седница очекуваме Уставниот суд при одлучувањето за аболицијата на Ѓорге Иванов да ги заштити Уставот, граѓаните и демократијата во Република Македонија, а не тесноградите интереси на врхушката на ВМРО-ДПМНЕ, велат денеска од СДСМ.

-Го повикуваме Уставниот суд итно и неодложно да се произнесе за уставноста на Законот за Специјалното јавно обвинителство. Одлучувањето за СЈО требаше да се случи на првата седница по летните одмори. Ваквиот игнорантски однос кон ова прашање носи неизвесност и директно го поткопува Пржинскиот договор, стои во соооштението на СДСМ.

Од СДСМ додаваат дека неизвесноста околу одлучувањето за СЈО отвора сомнежи дека Уставниот суд свесно влегува во одредени калкулантски игри кои стануваат закана не само кон Договорот од Пржино, туку и кон целокупната демократија.

Поврзани новости