СДСМ: Хаосот во здравството е од времето на ВМРО-ДПМНЕ

by fokus

Од СДСМ реагираат на партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ, со кое бараат оставка од министерот за здравство Арбен Таравари. Од СДСМ тврдат дека хаосот во здравството е од времето на ВМРО-ДПМНЕ, во чиешто владеење како што велат, е погазено достоинството на лекарите и на пациентите, а здравството станало едно од најсмртоносните во Европа.

Од СДСМ соопштуваат дека ВМРО-ДПМНЕ преку лицемерни обвинувања во очај се обидува да профитира од несреќите на граѓаните. Социјалдемократите тврдат дека хаосот во здравството е од времето на ВМРО-ДПМНЕ, во чиешто владеење како што велат, е погазено достоинството на лекарите и на пациентите, а здравството станало едно од најсмртоносните во Европа.

„Владата предводена од СДСМ го менува таквиот однос кон здравството и преку посветена работа ги санира штетите и го унапредува системот во интерес пациентите, лекарите и медицинскиот персонал“ – велат од СДСМ.

Поврзани новости