СДСМ: Груевски панично покажува огромен страв од регулaрни избори

by Fokus

Откако се распукаа сите бетони на фамилијата и се поништи дури и криминалната аболиција, Никола Груевски панично покажува огромен страв од соочување со граѓаните на регулрани избори, реагира СДСМ.

„Избирачкиот список не е прочистен, нема реформи во медиумите, СЈО е под постојани опструкции, прекинат е политичкиот дијалог, само затоа што Никола Груевски се плаши од слободни избори. Тоа го знаат сите. Оттука, медиумските курири неуспешно се обидуваат стравот на Никола Груевски од слободни, фер и регуларни избори да го покријат со постојани измислици. Во Македонија нема да има уште едни криминални избори, како што вети лидерот на демократска Македонија, Зоран Заев – се наведува во соопштението од партијата.

Од таму тврдат дека Македонија ќе има само слободни, фер, демократски и кредибилни избори.

– Не може да избега Никола Груевски колку и да се обидува да одолговлекува. Сите услови мора да се исполнат: прочистен избирачки список, реформи во медиумите, заканите кон гласачите да престанат, да се врати владеењето на правото – реагира СДСМ.

Поврзани новости