СДСМ: Груевски го лажел Фијат за „Космос“

by Фокус

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на денешната прес- конференција објави телефонски разговори меѓу премиерот Никола Груевски и министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, од кои се слуша како договараат сценарио околу случајот „Космос“, на бизнисменот Фијат Цановски.

Од разговорот постојано се слуша смеење на премиерот Груевски, кој ужива додека му кажува на Јанакиески колку бил исплашен Цановски од случувањата со „Космос“, па барал да се разреши ситуацијата. Токму затоа Груевски и Јанакиески договараат што да му кажат на Цановски, односно смислуваат сценарио за грешките кои наводни биле утврдени при изградбата на „Космос“.

Во последниот разговор, премиерот Груевски му вели на Јанакиески да го решат проблемот со бизнисменот, бидејќи се заканил дека ќе ги тужи градоначалниците Коце Трајановски и Тони Трајковски, кои пак биле многу исплашени, бидејќи според премиерот, ќе се соочеле со кривични пријави и парични казни.

Поврзани новости