СДСМ: Груевски е фабрика за криминал

by Фокус

-Додека граѓаните осиромашуваа Никола Груевски цели 10 години мислеше само на бизнисите на фамилијата, матните зделки на братучедот Мијалков, на тендерите за споменици вредни 630 милиони евра, на мерцедесот од 600 илјади евра, на парцелите на Водно, на милионските провизии… Тоа не е политика, тоа е криминал! Груевски е фабрика за криминал во огромни количини, реагира СДСМ во денешното соопштение.

Според опозициската партија, најголем кошмар на Никола Груевски биле  Специјалното јавно обвинителство, Анкетната комисија, истрагите коишто се водат,  а и Договорот од Пржино.

-Бегање од одговорност нема да има. Секој што го прекршил законот ќе одговара. Груевски тоа многу добро го знае и затоа е во паника и страв. Затоа Никола Груевски побегна од граѓаните и зад затворени врати побара да сведочи во Анкетната комисија. Граѓаните одамна не го трпат Груевски туку ја очекуваат неговата оставка и бараат одговорност. Македонија тргна по незапирлив пат кон промени и промените ќе се случат. Во оваа држава ќе се врати правото и правната држава, порачуваат од СДСМ.

Поврзани новости